Славиме голем празник - мажите треба да направат една работа за да донесат среќа и благосостојба во домот

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 ноември.

Денеска е Св. великомаченик Мина.

Свети Мина беше по род Египјанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Се верува дека доколкумажот денеска ги преземе сите обврски во домот, на домашните ќе им тргне на подобо и дека цела година ќе ги следи среќа. Од друга страна, ако тоа не го стори и се однесува непримерно, во домот ќе влезе негативн енергија.

 

 

 

24.11.2017 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега