Битола: Ги претекнал со автомобилот па им извадил пиштол среде метежот

Околу 15 часот и 20 минути синоќа, додека 26-годишниот Т.Б. од Битола со своето возило, заедно со сопругата Х.З., нејзината сестра Е.З. и нејзиниот пријател Д.Д. се враќале од Нижеполе, ги претекнало возило „Киа Пиканто“.

Поради тоа, преку прозорците од возилата имале кратка расправија со возачот на “Киа-та“, по што продолжиле да возат. Откако ги оставиле Д.Д. и Е.З., Т.Б. и неговата сопруга се упатиле на паркинг кај Саат кулата. Таму биле пресретнати од истото лице кое ги блокирало со своето возило, извадило пиштол и почнало да им се заканува.

Лицето удирало по возилото и се обидувало да ја отвори вратата. По кратко време, на местото настанал метеж од други возила, кои не можеле да поминат, по што лицето влегло во возилото и заминало.

По пријавување на настанот во 20 часот и 55 минути на улицата „Партизанска“ во Битола бил извршен преглед на патничко возило „Киа Пиканто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Д.Г. од Битола. 

Во СВР Битола бил извршен разговор со него и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 од Кривичниот законик на Република Македонија.

 

 

 

25.11.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега