Одложено рочиштето за предметот на СЈО „Триста“

 Во Кривичниот суд денеска е одложено рочиштето за предметот на СЈО „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Поповски денеска се појави во судницата, но како што рече неговиот адвокатот, само затоа што бил под притисок на јавноста.

Неговиот адвокат побара одложување на рочиштето бидејќи обвинетиот се лекувал од депресија, поради што не бил во состојба да присуствува на судењето. 

Судот за наредната главна расправа закажана на 1 декември го повика лекарот кој го издал боледувањето за Поповски да даде појаснување за здравствената состојба, а дополнително на барање на Обвинителството ќе биде повикан и психијатар кој што ќе каже дали обвинетиот може да го следи судењето.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет, како што веќе објави МИА, Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал

 

 

 

27.11.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега