Преку видео записи и вештачење на чаури ќе се бара убиецот од Чаир

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир.

Од ОЈО информираат дека обезбедени се видео записите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде се случи убиството и истите ќе бидат предмет на анализа.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција​. Во исто време, издадени се повеќе наредби за вештачење на чаурите, на облеката, на трагите од крв и на други предмети пронајдени и подигнати од местото на настанот.​

 

 

 

27.11.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега