Заев: Кинеската иницијатива 16+1 нуди големи песпективи за Македонија

 

Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина уште еднаш ги потврди можностите за идните инвестициски перспективи кои што се овозможени преку евтините кредитни линии од Владата на НР Кина упатени до сите земји во регионот користејќи го „Патот на свилата“ како нова програма, изјави премиерот Зоран Заев, по обраќањето на пленарната сесија на Самитот 16+1, што се одржува во Будимпешта.

- Република Македонија е подготвена да настапи со многу капитални инфраструктуирни проекти. Еден од приоритетите е железничката линија од Коридорот 8, посебно делот од Кичево до границата со Албанија, во проектна вредност од околу 500 милиони евра, како и автопатското решение за делницата Велес-Прилеп, кое во делот на централна Македонија ќе обезбеди инфраструктурно решение за олеснување на патувањето на граѓаните во внатрешниот дел на нашата земја. Секако остануваат и многу други проекти на кои што ќе се посветиме, како што е  модернизирањето на железничката пруга од македонско-грчката граница до Табановце, како дел од Коридортот 10, и обновата на автопатските и на патните мрежи низ републиката, кои, исто така се дел од нашите приоритети, рече Заев.

Премиерот Заев, како што информираат од неговиот кабинет, во изјавата за медиумите ги нагласил и перспективите за соработка во областа на културата, во областа на информатичките технологии, и во областа на други важни сегменти од животот на граѓаните, за кои иницијативи пристигнаа и од владините претставници на НР Кина на овој сами.

На новинарско прашање какви придобивки може да се очекуваат со оглед на тоа дека идната година домаќин на овој самит за соработка на земјите од источна и централна Европа со НР Кина, ќе биде Бугарија, премиерот Заев рече дека Република Бугарија е  голем поддржувач на интересите на Република македонија и дека тоа произлегува и од договорот за соработка, добрососедство и пријателство.

- Бугарија идната година ќе биде во центарот на европското и светското внимание преку нивното претседавање со ЕУ во првата половиона од годината, а во втората, оваа земја ќе биде домаќин и на овој самит. Јас верувам дека Република Македонија колку повеќе ќе подготви готови проекти, дотолку повеќе ќе може да партиципира со поголеми очекувања во сите овие можности што се нудат за земјите од источниот и централниот дел на Европа,  одговори премиерот Заев.

 

 

 

27.11.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега