Сопственикот на менувачницата пред неколку години бил ранет - нови детали

Жителите на скопска Кисела Вода вечерва се вознемирени, откако пред околу два часа непознати насилници се обиделе да ограбат менувачница, лоцирана на булеварот Борис Трајковски, кај Чешма.

Сопственикот на менувачницата брзо реагирал и ги застрелал двете лица кои упаднале внатре.

Според извори на Пресс24, ова не е прв ваков случај во менувачницата во скопска Кисела Вода. Пред неколку години менувачницата која таму постои со години, била нападната од крадци, а сопственикот бил застрелан. За среќа, куршумот завршил во неговата нога. 

Менувачницата се наоѓа во непосредна близина на автобуска станица која секогаш е полна со луѓе.

На местото на настанот се уште има полиција и Брза помош.

Се очекуваат повеќе детали за двојното убиство кое ја потресе македонската јавност.

 

 

 

27.11.2017 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега