МВР со детали за двојното убиство во Кисела Вода

Во попладневните часови, поточно во 16 часот и 35 минути во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје, информираат од МВР.

Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегле на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.

-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата, 58-годишниот Г.А. од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, стои во полициското соопштение.

СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана, додаваат од МВР.

 

 

 

27.11.2017 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега