На Самитот 16+1 склучени 7 договори за трговија со кинески компании
Склучени се седум договори за трговија на македонски со кинески компании на Б2Б средбите во рамки на Економскиот и трговски форум на 6.Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
Од ССК информираат дека компаниите, што ги склучија договорите како резултат на конкретно вмрежување, се од земјоделство, градежништво, автомобилска индустрија, проектирање и планирање.
- Договорите значат промоција, унапредување и зацврстување на билатералната бизнис соработка. За прв пат целиот бизнис форум беше реализиран преку договорени средби на компаниите од НР Кина и 16 земји од ЦИЕ. Како резултат на напорните четири месеци работа во изминатиот период, договорите се круна на остварената соработка. Ни следи голем проект за економска соработка со НР Кина и земјите од ЦИЕ со фокус на примена на високи технологии во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, животна средина, изјави Арсовска и додаде дека од следната недела се очекува да започне реализација на договорите со конкретна цел зголемување на соработката.
Покрај трговијата се очекуваат директните инвестиции да бидат главен двигател на економската соработка меѓу НР Кина и земјите од ЦИЕ. Во 2016 година по однос на вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 469 милиони американски долари.
При тоа, остварен е извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од 421,2 милиони американски долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа