Груевски: Сега од тука одам со граѓаните на улица
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, предмалку на прес-конференција истакна дека мора да запре тортурата и прогонот од страна на СДС, а по пресот тој заминува на протест пред судот.
- Заев и СДСМ брутално удираат по тие што мислат и делуваат македонски, ова е последен чин на пресметка со слободомислечкиот Македонец, овде веќе не владеат Уставот и Правото, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ запраша за што треба да одговараат еден лекар кој спасувал животи, еден оперски пејач или архитект, додека на слобода се пуштаат убијците на децата од Смилковско ЕЗеро, криминалци како Бајруш и останати криминалци.
- За што треба да одговараат еден оперски пејач, лекар или архитект? Казната е 10 години затвор за оние кои се спротивставија на Тиранстата платформа, вели Груевски.
Груевски изјави дека ова е последниот час кога треба да се изреагира, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води таа битка.
Груевски веќе се упати пред Судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа