Зголемени продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар
Државниот завод за статистика, денеска објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, односно за 1,1 процент на годишно ниво.
Во споредба со септември оваа година, во октомври продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „интермедијарни производи, освен енергија„ за еден процент, „капитални производи“ за 0,2 процента, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 процента, и „енергија“ за 0,1 процент.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,3 процента, „капитални производи“ за 3,3 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,7 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа