Официјално: До сега одреден притвор за 7 лица

 

Кривичниот суд им определи притвор и на Митко Чавков, поранешен директор на БЈБ како и на Оливер Радулов. Информацијата за Press24 и официјално ја потврдија од Судот. Покрај нив, притвор добил и Мунир Пепеиќ, а претходно, иста мерка на претпазливост беше донесена и за Игор Дурловски.  Покрај нив, одредена е и мерка  куќен притвор за уште 2 лица.
Според информацијата која претходно беше објавена во Собранието пристигнале барања за одземање на имунитетот на 6 пратеници. 

Според нашите информации, Чавков се сомничи дека како шеф на координативниот штав на МВР за следење на протестите на 27 април според Обвинителството не дејствувал догласно законот и овозможил да дојде до насилство.
Тој и Дурловски веќе се спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Останатите притворени се лица кои работеле во полицијата и други државни органи, додека куќе притвор добиле двајца собраниски службеници.
Неофицијално, притвор има и за повеќе од 10 лица но решенијата не се изготвени.

Распитот ќе продолжи до доцна во ноќта а судот деталите ќе ги соопшти утре изутрина. Таму искази даваат 24 лица а 12 се уште не се приведени.

 

 

 

28.11.2017 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега