Симпозиум за нови перспективи во македонско-турската економска соработка
Унапредувањето на билатералните односи со Република Турција за поголема конкурентност, е во фокусот на денешниот симпозиум „Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција“ што го организира Фондацијата за економски истражувања - Истанбул со поддршка на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).
Предвидено е учество на околу 30 компании од Турција кои ќе имаат директни средби со претставници од македонскиот деловен сектор.
- Економското опкружување на Македонија е во постојана динамика: ЕУ интеграција на регионот, создавањето единствен регионален економски простор, ревитализација на Коридорот 10 во рамки на проектот „Еден појас еден пат или Патот на свилата“, целосна либерализација на билатерална трговија на Турција со Србија и БиХ,... Оттука, се отвора темата за унапредување на билатералните односи со Република Турција со цел да се сочува и зголеми конкурентноста, велат од МАТТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа