ТМРО: Претседателот Иванов да ги помилува сите 36 осомничени за настаните во Собранието

 

Партијата ТМРО на Ванчо Шехтански бара Претседателот Иванов да ги помилува осомничените во настаните од 27 април.

 

ТМРО апелира до Претседателот Ѓорѓе Иванов , итно со акт на помилување за сите 36 обвинети за настаните од 27 април да ја смири состојбата. Треба да се има во предвид и тоа што битието на делото кое се става на товар на обвинетите е сторено по чинот на провокативно пеење химна на странска држава од страна на пратеник и тоа во Македонскиот парламент , понижувајќи ги Македонците ,чин што остана несанкциониран и тогаш а и потоа, а беше повод за ескалација на настаните и влегување на народот во законодавниот дом, што никако не ги оправдува настаните и постапките кои загрозија човечки животи, но имаат олеснителни околности за помилување  на сторителите.“ – стои во писменото соопштение на ТМРО

 

 

 

29.11.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега