Кражба во Скопје: Го препознал дека е странец, па го соголел до гола кожа

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до 20-годишниот Ј.Н. од Скопје,  поради сомнение дека извршил едно кривично дело “разбојничка кражба“, по што се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.

Пријавениот разбојничката кражба ја извршил на 23.11.2017 година околу 11 часот на локалниот пат во село Трубарево-Маџари врз 43- годишно лице од Билбао, Шпанија. Имено, на главниот пат во село Трубарево-Маџари пријавениот го сретнал оштетениот, кој се движел пеш во насока од аеродром Александар Велики кон Скопје и бидејќи го препознал дека е странец му пришол и го прашал од каде е. Потоа пријавениот му го побарал мобилниот телефон марка LG so шпанска сим картичка за да се јави на негов пријател. Оштетениот го дал телефонот, но се сетил дека е во роаминг и повикот ќе биде скап, по што го побарал телефонот назад. Бидејќи Ј.Н. не сакал да го врати телефонот, оштетениот се обидел да си го земе, но Ј.Н. со десната рака го удрил во гради и избегал кон село Трубарево.

 Оштетениот настанот го пријавил во Полициска станица Гази Баба, по што е известен дежурен Јавен обвинител. 

 

 

 

02.12.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега