Вонредна седница на ДИК за бонусите на членовите

Државната изборна комисија попладнево во 14 часот ќе одржи вонредна седница, потврди за ТВ 24 претседателот на Комисијата Александар Чичаковски.

Оваа вонредна седница доаѓа откако вчера амбасадорот на САД Џес Бејли, на предавање на Факултетот за безбедност-Скопје посветено на борбата против корупцијата посочи пример со кој ги доведува во прашање посветеноста на лидерите, институциите, но и на медиумите да разобличуваат коруптивни дејства.

- Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати, рече Бејли.

По ова, денеска се подготвуваат документите за да се повлече одлуката за бонусите што си ги доделиле членовите, но имало дилема и се разгледувало дали истото да важи и за службите односно како за нив да не се повлекува одлуката.

 

 

 

05.12.2017 - 09:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа