Одрон го блокираше локалниот пат Неготино Полошко-Ломница

Сообраќајот на локалниот пат што ги поврзува полошките села Неготино Полошко и Ломница од синоќа е во прекин поради одрон од камења и земја кои паднале на коловозот. 

Според првичните сознанија на Дирекцијата за заштитата и спасување , кај месноста „кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри се срушила поголема количина на земјен нанос.

Локалните жители случајот го пријавиле во полиција, синоќа околу 20 часот.

Од утрово, екипи со механизација од општина Врапчиште се испратени на местото и работат на санирање на свлечиштето, а на терен се екипи на гостиварската Дирекција за заштита и спасување. По увидот ќе се направи проценка кога патот ќе биде расчистен и прооден. 

 

 

 

05.12.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега