Алијанса за Албанците добила понуда за вицепремиер за реформи

Наскоро треба да се именува нов министер за здравство, министер без ресор, заменик-министер за образование, а нов заменик-министер може да добие уште еден ресор, поради нездоволство од актуелниот Вицепремиер за реформи, пишува Дојче Веле.

Ваква функција, според Дојче Веле, била понудена на Алијанса за Албанците во замена за ресорот здравство, кој претходно беше раководен од нејзиниот кадар, неврологот Арбен Таравари.Алијанса за Албанците досега во повеќе наврати инсистираше нејзин кадар и натаму да раководи со со тој ресор, а еден од предлозите беше Вулнет Ферати, поранешен претседател на Управниот Одбор на Фондот за здравство и актуелен професор на Државниот универзитет во Тетово.

И премиерот Зоран Заев веќе изјави дека при првичната распределба здравството беше дадено на Алијанса на Албанците, но заради доктор Арбен Таравари, кој важеше за прифатлива личност за медицинскиот персонал.

Засега нема информации дали и колку Алијансата е заинтересирана да ја прифати новата понуда.Опциите се на маса и разговорите не се завршени.

Премиерот Заев неодамна изјави дека наскорот треба да биде комплетирана Владата.

 

 

 

05.12.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега