Пратениците почнаа да доаѓаат во Судот - прв на распит Тарчулоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчулоски утрово пристигна во скопскиот Кривичен суд. Тој треба да се јави на распит кај судија на претходна постапка за случајот 27 април.

Покрај него пред Судот се очекува денеска да се јават уште 5 пратеници. 

Пратеникот Јохан Тарчуловски пристигна во Основниот суд Скопје 1 на распит кај судија на претходна постапка.

Станува збор за пратениците Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Известувањето до Кривичниот суд од Собранието пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија. 

 

 

 

 

 

05.12.2017 - 10:44
Фото: 
21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа