Заврши распитот на пратениците во Кривичен - се чека одлуката

 Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава.

Согласно Законот, по завршувањето на распитот, судиите на претходна постапка се должни најдоцна за шест часа да донесат решенија дали ќе им одредат притвор за шестемина пратеници.

Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.

Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка. 

 

 

 

 

05.12.2017 - 14:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега