Апел за помош: Исчезна професорка од Скопје, пријавете ако ја видите некаде

На социјалните мрежи денеска се испраќа апел за помош за исчезната жена од Скопје.

Исчезната е Сњежана Тројачанец, слаба, висока со сини очи.

-Драги пријатели,  Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Snjezana Trojacanec. Пред 7ч. Слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пиџами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете. Населба Тафталиџе, стои во објавата.

Тројачанец е професорка на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.

Ако некој ја види нека пријави во полиција или нека објави на социјалните мрежи.

 

 

 

05.12.2017 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега