Секој член на ДИК индивидуално ќе одлучи како ќе ги врати парите

 

На вонредната седница одржана денеска, членовите на ДИК со 9 гласа „ЗА", едногласно донесоа заклучок секој член посебно да реши како ќе ги врати парите.

Заклучокот од седницата која се одржа откако вчера американскиот амбасадор Бејли обелодени дека членовите на ДИК по изборите кои штотуку завршија си земале 4 плати бонус, е дека нема законска можност да се отповика веќе донесена одлука, како таа за враќање на бонусите. 

Поради тоа, секој од членовите на ДИК индивидуално ќе реши дали парите ќе се насочат кон буџетот или ќе бидат донирани.

 

 

 

05.12.2017 - 15:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега