Три имиња во игра за лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски е првиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој најави можност да се кандидира за претседател на партијата на Конгресот закажан за 23 декември.
Тој вчера одговарајќи на новинарско прашање рече дека ако биде прифатена оставката на Груевски, можно е да се кандидира за Претседател на партијата.
По најавата на Груевски дека си заминува од кормилото на партијата, во јавноста забрзано почнаа да се шират шпекулации околу имињата кои би можеле да бидат негови наследници. Покрај името на Мицковски во јавноста се вртат и имињата на екс министрите за надворешни работи, Антонио Милошоски и Никола Попоски.
Добро упатени извори во партијата велат дека ниту едно од имињата кои циркулираат во јавноста ниту пред членството ниту пак во своите бази не најавило „атак“ на лидерската позиција.
Од друга страна, ниту еден од функционерите чии имиња се ставаат во игра не излегол со демант на информацијата дека планира да влезе во изборната трка.
Покрај овие имиња, во јавноста кружат и серија други, кои според партиски извори немаат некакви шанси да ја добијат довербата на Конгресот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа