Семејството на професорката од Скопје скршено: "Се случи она од кое се плашевме"

Професорката од Скопје, Снежана Тројачанец, денеска беше пронајдена мртва и извадена од водите на Вардар, откако беше пријавена од страна на семејството за исчезната пред два дена, по што цело Скопје се крена на нозе.

Семејството на професорката е скршено од болка.

- ,,За жал, потрагата заврши трагично. Мојата сопруга е пронајдена мртва, во реката Вардар, пред околу еден час. Ја најдоа трагачи со кучиња. Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош’’ – изјави за ,,Фокус’ сопругот на Тројачанец.

Семејството за Фокус изјавува дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија.

 

 

 

 

06.12.2017 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега