Касами: Ако Заев реши да расчисти со криминогените поединци од ДУИ тука сме да помогнеме

 

Лидерот на БЕСА Биљал Касами за Радио Слободна Европа вели дека ако новата власт ги расчисти сите случувањата со индициите за криминал, тие се спремни да и помогнат.

-Кога премиерот би бил одлучен да расчисти со сето тоа што и се случи на Македонија во претходните 10 години сигурно дека може да се стави под знак прашалник учеството на ДУИ во постојната владина коалиција. Кога тоа би дошло во прашање како последица на одлучноста на премиерот, сигурно дека и ние би ја разгледале нашата позиција и би помогнале и би биле поактивно вклучени во некои разговори за да бидеме дел од власта без да калкулираме какви позиции во идната власт ќе ни припаднат, вели тој за Радио Слободна Европа.

 

 

 

09.12.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега