Фото: Груевски и денеска на протест заедно со граѓаните

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вечерва присуствуваше на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот и кои бараат итно запирање на сите процеси на политички прогон.

Груевски присуствуваше и на сите претходни протести кои се одржуваа пред Министерството за правда, Кривичниот суд и затворот во Шуто Оризари.

Инаку, протестите продолжуваат и утре во 18 часот пред Министерството за правда.

 

 

 

11.12.2017 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега