Кој ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Одлуката за Конгрес официјално ја отвора и трката за нов партиски лидер. До партијата се уште никој не поднел кандидатура нов своите веќе ги најавија Филип Петровски и Христијан Мицкоски. Иако се уште јавно не коментираат, се очекува во изборната трка да влезат и членовите на извршниот комитет Илија Димовски и Антонио Милошоски, а се спомнуваат и имињата на Никола Попоски и Александар Пандов.

За да влезат во изборната трка, сите ќе мораат да обезбедат потписи од 30 делегати на Конгресот, најдоцна до 21 декември.

Гласањето на Конгресот е тајно. Ако во првиот круг никој од кандидатите не обезбеди повеќе од 273 гласа, во вториот круг одат двајцата што освоиле најмногу гласови, а победник е оној кој ќе обезбеди мнозинство гласови од оние кои гласале, но само ако во постапката биле вклучени над половина од вкупниот број делегати. Во спротивно, целиот процес почнува од почеток.

Со оставката на Груевски, во оставка се и сите партиски тела но ќе ја вршат функцијата до избор на новите.


 

 

 

12.12.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега