Гостивар: Му се вклучил на Фејсбук па им барал пари на пријателите

Околу 17.00 часот, 55-годишниот З.М. од селото Чајле, гостиварско, пријавил компјутерска измама од засега непознат сторител.

Непознатиот сторител ја искористил неговата електронска адреса и Фејсбук профил и од двајца пријатели на З.М. успеал да одземе 600 евра. На двајцата им се претставил дека е З.М. и дека итно му се потребни парични средства. Кога едниот од измамените му се јавил на З.М. да го праша дали ги добил бараните пари, нему веднаш му станало јасно дека станува збор за измама и го пријавил случајот.

Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите.

 

 

 

12.12.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега