Ужас во Дебар: Мајка ја присилила малолетната ќерка да има секс со 60 годишник

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против 60-годишната Б.Б. за „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Полицијата наведува дека Б.Б. во неколку наврати сексуално, со допирање ја злоупотребил малолетната ќерка на А.К. од Дебар, а таа ја присилувала ќерка си да има односи, но и самата вршела полови дејствија во присуство на малолетната ќерка.

Малолетничката, за таквите постапки го известила и побарала помош од својот татко. Со девојчето бил извршен разговор во присуство на стручни лица од Меѓуопштински центар за социјални работи Дебар, информираат од МВР.

Донесена била одлука да се отстрани А.К. од семејството и да се преземат дополнителни мерки заради заштита на малолетно лице.

 

 

 

12.12.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега