ВМРО-ДПМНЕ најавија бојкот на Собранието

 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека нема да учествуваат во парламентарните тела и заседанија додека нивните колеги се во притвор.

- Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот, најави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски.

 

 

 

12.12.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега