ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести (ВИДЕО)
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади на главните сообрајќајници во Скопје.
„Денеска сме тука да го изразиме нашето уставно загарантирано право на протест. Веќе 14 дена, веќе две недели ВМРО-ДПМНЕ на различни начини го искажува својот револт, својот гнев, својот бунт против овој политички реваншизам кој што се случува во Република Македонија.
На овој начин сакаме да дадеме поддршка ние пратениците кои сме тука, но и граѓаните на Република Македонија поддршка на нашите колеги, но не само на нашите колеги туку и на сите оние невини граѓани кои што поради политички реваншизам се во занданите во Република Македонија.
Владејачката партија СДС кој што дојде под мотото живот за сите, за жал не покажува интерес за живот за сите, туку напротив таа реши на ваков суров и брутален начин да се реваншира и сите они кои што не мислат како што мисли таа да ги стави во затвор.
Затоа ние на различни начини, преку протести, преку блокади, преку контакти ќе се обидеме на граѓаните на Република Македонија да ги анимираат за да сфатат дека СДС воопшто не е државотворна партија, воопшто не е парија која што сака да има европска иднина Република Македонија, туку напротив го враќа едноумието и се враќаме во 49-тата година.“ - изјави Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ при блокада на улица во скопско Влае.
Во 18 часот најголемата опозициска партија ќе продолжи со протест пред министерството за правда.
Тие протестираат веќе две недели во знак на револт против притворот на пратениците и учесниците во насилствата кои се случија на крвавиот четврток на 27 април во Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа