Села останува без министер: Алијансата на чекор пред напуштање на владината коалиција

 

Села најверојатно ќе остане без ниедно министерство во Владата на Заев и поради тоа, Алијансата е на чекор да ја напушти владината коалиција, пишува порталот Пост, повикувајќи се на партиски извори.

„ На последната средба меѓу владините партнери на маса било ставено ресорот здравство да оди кај СДСМ, а Алијансата да остане без министерство. Од Алијансата за „post.mk“ брифираат дека инсистираат на првичната распределба на ресорите, но нема конкретен став дали ќе останат во Владата без министерска позиција. Од таму додаваат дека ако премиерот Зоран Заев е решен Алијансата да излезе од Влада, тогаш тоа ќе треба лично да му го каже на Села“ – пишува порталот.

Анимозитетот меѓу Села и Ахмети тлее уште од локалните избори. Лидерите си разменија серија тешки зборови кои го доведуваат под голем прашалник капацитетот на собраниското мнозинство да помине предлогот за нов министер на Алијансата, бидејќи речи си извесно е дека во ДУИ нема да гласаат за него.

Заев понуди и ново министерство специјално за Села но Алијансата го одби овој предлог.

Претходно беше најавена можноста и партијата НДП да излезе од Владата, поради наводна вмешаност на пратеникот Мемеди во собраниските инциденти од 27 април.

Тоа може да се толкува и како порака дека Заев веќе договорил поддршка со пратеници од Собранието кои првично не беа дел од неговата коалиција.

Премиерот Заев рече дека вечерва ќе има средба на коалиционите партнери по која очекува да бидат соопштени имињата на новите министри. Интересно, лидеот на Алијансата Села, нема да присуствува бидјеќи е во посета на САД.

 

 

 

12.12.2017 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега