Работник се здобил со тешки изгореници на работно место - итно префрлен на скопските клиники

Педесет и осум годишниот Н.С. од Гостивар ноќеска се здобил со тешки повреди на работното место.

Од полицијата информираат дека во гостиварската болница бил донесен Н.С. кој околу 1 часот по полноќ се повредил во фабриката „Вардар Доломит“ во Гостивар, во моментот кога сакал да изврши промена на филтерот на една од пумпите за гориво.

-При отворање на капакот дошло до прскање на мазут кој бил со висока температура. Мазутот го испрскал Н.С. во пределот на вратот и лицето нанесувајќи му изгореници, стои во полицискиот билтен.

По укажана лекарска помош констатирани му се изгореници од втор и трет степен, по што е препратен во Клинички центар Скопје.

 

 

 

13.12.2017 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега