Семејна драма во Скопје - жена претепана и силувана од сопругот

Четириесет и три годишната С.Т. од Скопје вчера околу 10:35 часот пријавила дека во неколку наврати претходниот и овој месец била физички малтретирана од страна на 46-годишниот сопруг И.T. и притоа се здобила со тешки телесни повреди.

-Исто така, посочила дека при едно малтретирање била и силувана од негова страна. Оштетената напоменала дека И.T. секојдневно физички и психички ја малтретирал, за што во неколку наврати  пријавувала поплаки и малтретирање, информираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.12.2017 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега