Полицајка нападната додека вршела службена должност во Битола

Вчера околу 19 часот во Битола на улица „Васко Карангелевски“ униформиранa полицискa службеничка, додека извршувала работи од областа на безбедноста на сообраќајот, била омаловажувана со погрдни зборови од 24-годишниот Ф.М. од Битола (кој застанал со неговото возило до полициската службеничка).

По ова Ф.М ја турнал и се обидел да ја удри полициската службеничка, но во намерата бил спречен од страна на друг полициски службеник.

Лицето е приведено, и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

13.12.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега