Несреќа во Скопје - прегазен маж итно пренесен во болница

Скопјанецот Б.Д. вчера околу 10:30 часот во во село Кондово во кругот на објект на Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“ прегазил прешак, вработен во претпријатието.

-Управувајќи товарно моторно возило “Исузу М55“ со скопски регистерски ознаки, Б.Д. додека се движел наназад во насока кон влезот на објектот, со задниот дел од возилото удрил во 51-годишниот Н.А.од Скопје кој бил вработен во Јавно претпријатие “Водовод и Канализација“, информираат од МВР.

Н.А. се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.

На местото на настанот извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.12.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега