Општина Тетово го отфрли како незаконски изборот на Биљали за претседател на Советот
Аднан Биљали не е законски избран за претседател на Советот, соопшти Општина Тетово.
Општинската администрација утврдила дека изборот на претседател на Советот не е во согласност со член 47 став 2 од Законот за локална самоуправа и член 19 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Тетово.
- Поради ова, Општината се уште нема избрано претседател на Советот, стои во соопштението.
Биљали од ДПА денеска доби поддршка од 15 советници - на ДУИ, ДПА, СДСМ и ДПТ додека против беа девет - од Беса и Алијансата за Албанците. Петте советнициод ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја напуштија седницата.
Тетовскиот совет брои 31 советник, а во овој состав мандатите им се верифицирани на 30 советници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа