Нов ужас во Скопје: Жена нападната од кучиња, ја влечеле и гризале

Уште еден хорор во Скопје, откако во Аеродром куче нападна деца и возрасни.

Триесет и осум годишната Џ.Б.од населба Илинден вчера околу пладне пријавила дека истиот ден околу 7 часот и 30 минути додека се движела по улицата 19 во населбата била нападната од страна на четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот и ја влечело за облеката.

Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар- Инфективна клиника откако и помогнале случајни минувачи, каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.

 

 

 

14.12.2017 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега