Ужас во Македонија: Ја силувал на голем одмор меѓу часовите, ова се деталите

Хорор ја потресе Македонија, силувана ученичка на голем одмор.

Полицијата информира дека 18-годишниот У.Ќ. од Виница во 07 часот и 30 минути силувал 16. годишна ученичка која излегла на големиот одмор.

У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија како што планирала. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што ја силувал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата Кочани.

По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во Полиција.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

15.12.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега