Детали за пожарот во скопско - огнот сеуште беснее

Нема повредени лица во пожарот кој што изби утринава во столарска работилница во селото Шишево.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека се уште е активен пожарот и оти се интервенира со шест возила и 15 пожарникари. Побарана е и помош од Комунална хигиена за дотур на вода.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

 

 

 

15.12.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа