Му го собрале цел накит - тешка кражба во Гостивар

Непознати сторители провалиле во куќата на 45-годишниот гостиварчанец Ф.Ј. и одзеле повеќе парчиња накит со вредност од околу три илјади евра.

Според СВР Тетово, кражбата се случила вчера во куќа на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар, помеѓу 11 часот и 30 минути и 23 часот и 30 минути. Провалниците, откако насилно го отвориле прозорецот во приземјето, влегле внатре, целосно ги пребарале сите простории и од спалната соба одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит (ѓердани, прстени, обетки) и бижутерија, а потоа незабележани ја напуштиле куќата.

Според пријавителот, вкупната вредност на ограбениот накот 180 илјади денари, додека причинетата материјална штета изнесува 20 илајди денари.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и за откривање на сторителите.

 

 

 

15.12.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега