Го донеле во Ургентен во Скопје со убодни рани, крв и расекотини

Пред неколку денови во 22 часот од Ургентен центар Скопје пријавено е дека било донесено повредено лице и дека станува збор за 41-годишниот Џ.А. од Скопје, кој имал две убодни рани и расекотини на рацете и по санирањето на истите тој е пуштен на домашно лекување.

Од извршениот разговор со повредениот Џ.А. и 27-годишниот И.А. кој бил пријавен констатирано е дека околу 20 часот и 15 минути во селото Буковиќ во близина на поштата истите го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка каде Џ.А. удирајќи го со рака и стап И.А. во пределот на лицето и грбот му нанел повреди, по што истиот со нож му нанел на Џ.А. повреда на рацете и ногата во вид на расекотина.

 

 

 

15.12.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега