Тешка несреќа утрово во Македонија: Со аудито излетал од пат, повредени пет лица

Пет лица се повреди откако автомобил „Ауди А4“ утринава околу 6 часот и 20 минути излета од регионалниот пат Тетово – село Волковија.

-Во незгодата, со повреди се здобиле34-годишниот возач Љ.А. и четирите сопатнички во возилото Р.П. (42), М.Б. (31), А.Н. (27) и В.А.(55), сите од селото Стенче, информираат од полицијата.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Клиничка болница Тетово.

По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, Р.П. била префрлена во Клинички центар Скопје, М.Б. и В.А. биле задржани на лекување, а Љ.А. и А.Н., по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

15.12.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега