Полицијата влезе во домот на кичевчанец - две лица во притвор

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 45-годишниот А.А. и 47-годишниот Е.А. од кичевското село Аранѓел поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

МВР информира дека на 12 декември во селото Аранѓел извршени биле претреси во домовите и други помошни простории кај пријавените, при што биле пронајдени и запленети 27 килограми и 684,6 грама марихуана.

Од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка притвор од 30 дена.

 

 

 

15.12.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега