Занети: Ќе се вратам уште посилен

По повредата која што ја заработи капитенот на Интер, Хавиер Занети на Ахиловата пета, нешто од кое што многумина стравуваат дека би можело да се случи и тоа да биде крај на кариерата за него, Аргентинецот се огласи дека се уште не е готово и дека по закрепнувањето ќе се врати посилен и подобар за да му помогне на тимот.

Занети во август ќе наполни 40 години, бескомпромисниот десен бек се повреди на натпреварот кој неговиот табор го загуби минимално од Палермо. Занети се повреди во еден навидум безопасен старт на Салваторе Ароника. Тој побара замена и во 17-та минута по што излезе од игра. Прогнози на лекарите велат дека Аргентинецот на теренот би се вратил дури во јануари 2014-та година! Сепак, самиот Занети вели оти не поомислува на таков развој на настаните, уверувајќи дека тоа не е начинот на кој тој ќе ја заврши кариерата. „Се уште не е готово. Сакам да се вратам посилен од кога било. Жал ми е што не можам да им помогнам на соиграчите во следниот период“, изјавил Занети за италијанските медиуми.