Кривична за кумановчанецот кој нападна полицаец на протестот на Табановце

Во периодот од 17  до 18 часот на граничниот премин “Табановце“, во организација на политичката партија ВМРО ДПМНЕ се одржал јавен собир.

Во текот на собирот, околу 17 часот и 20 минути додека полициски службеник од СВР-Куманово, ги извршувал  службените задачи, во еден момент 42-годишниот Ф.Ф. од Куманово кој учествувал во протестот се приближил до кордонот и со рака го удрил полицискиот службеник во пределот на лицето, односно по левото око.

Ф.Ф. бил приведен во СВР-Куманово, додека полицискиот службеник бил пренесен во Јавната здравствена установа-Куманово каде бил задржан на лекување.

Во текот на денешниот ден против Ф.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

 

 

 

20.12.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега