Најнови детали: Момчето донесено мртво на Ургентен, извршена 45-минутна безуспешна реанимација

Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. 

Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17 часот и 40 минути.

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Директорот на  ТОАРИЛУЦ,  Илир Хасани за МИА изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно. 

На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

20.12.2017 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега