Заев со честитка за католички Божиќ

 

Премиерот Зоран Заев по повод католичкиот празник Христово раѓање Божик упати честитка до Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија и до сите граѓани од католичка вероисповед.

- И оваа година се роди богомладенецот, придружуван од песната на ангелите во негова чест и во чест на овој настан: „Слава му на Бога во висината, а на земјата мир меѓу луѓето!“. Секоја година Божик повикува на нова, лична преобразба, да понудиме мир за сите и да повикаме да го преобразиме злото во добро, пишува Заев во честитката.

Секоја година Христовото раѓање, додава тој, е нова надеж за подобро утре за секој човек, во секое семејство.

- Во секој дом и во општеството, во кое сите сме повикани да учествуваме да изградиме похуман и праведен свет, со уверување дека во мир и спокојство имаме можност за попросперитетна иднина за сите, вели македонскиот премиер во честитката по повод католичкиот празник Божик. сст/дма/11:56

 

 

 

24.12.2017 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега