Пауза во Собрание поради немање кворум- гласање за јавен обвинител одложено

Поради немање кворум, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери  на денешното продолжение на 22. седница даде пауза од половина час, по која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител. Во собраниската сала имаше 60 пратеници.

- Објавувам пауза од 30 минути за координаторите да ги соберат пратениците, рече Џафери.

Парламенатрната расправа по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција заврши на 15-ти овој месец. 

За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Досега оваа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.

 

 

 

25.12.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега