ВМРО-ДПМНЕ ќе соопшти дали ќе се врати во пратеничките клупи

 

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да донесе одлука дали ќе се врати во пратеничките клупи, иако со недели бојкотираат за приведените за настаните од 27. април годинава во македонското Собрание.

Ова го најави новиот лидер кој застана на чело на партијата, по оставката на Никола Груевски, Христијан Мицковски, по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев.

Тој најави и дека ќе има промени кои ќе се забележат во иднина.

Инаку, од Владата вчера соопштија дека средбата меѓу Мицковски и Заев се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници, и се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси. 

 

 

 

 

27.12.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега