Тешка кражба на новогодишната ноќ во Скопје - одземени лаптопи и вреден накит

Денеска во 4 часот  Т.К. од Скопје  пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во тектот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон.

Како што информира МВР, увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

01.01.2018 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега